Два маскирани разбојници пред два дена влегле во домот на Северина во Загреб, а сега испливаа и нови детали за кражбата.
Крадците ги собрале сите вредни работи кои се наоѓале во домот на пејачката. Во станот влегле непознати луѓе и ја врзале куќната помошничка на пејачката и брзо избегале во непознат правец.
Разбојниците со денови ја следеле Северина и чекале да го напушти станот.
Се сомнева дека домот на пејачката бил на мета, а крадците влегле кога пејачката заедно со својот менаџер заминала на состанок.
Крадците со спреј го испрскале видео – надзорот на зграда спорти домот на Којиќ, додека пак камерата на зградата во која живее пејачката била под наместена под чуден агол.
Инаку, целиот тој дел е обезбеден со камери, па полицијата ги гледа снимките за расчистување на случајот.