Кралската венчавка доаѓа следниот месец, а медиумите уште од сега шпекулираат кој се ќе биде гостин кај принцот Хари и актерката Меган Маркл на 19 мај.
Она што е познато е дека на венчавката би имало многу гости, а поканите веќе се испратени на 22 март минатиот месец и списокот е веќе затворен.
Она што е сигурно е дека прославата нема да биде иста и да има онолку гости колку што имаше на свадбата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.
На венчавката ќе присуствуваат околу 2.640 обични граѓани, а се очекува да дојдат и 1.200 луѓе кои се од високо значење за кралското семејство, а околу 600 од нив ќе можат да дојдат на церемонијата која ќе се одржи во катедралата Свети Џорџ.
Медиумите пренесуваат дека на венчавката би можеле да бидат пејачките Ели Голдинг и Џон Стоун кои досега имаат пеено на кралските прослави, а бидејќи Елтон Џонс ги откажа двата концерти на тој датум се претпоставува дека и тој ќе присуствува на венчавката.
На свадбата би требало да присуствува и американската тенисерка Серена Вилијамс како и индиската актерка Пријанка Чопра, а се зборува и дека дури 16 колеги од серијата „Suits“ ќе присуствуваат на свадбата, додека Хари ги поканил своите две поранешни девојки.
Политичарите не се поканети!
Британската премиерка Тереза Меј не е поканета, изјави близок извор до Владата, а меѓу поканетите не се ниту Барак Обама, ниту Доналд Трамп.