Додека пејачката Северина и синот на пејачот Кеба, Игор Којиќ сè уште молчат за нивната врска, регионалните медиуми тврдат дека на нивната брачна среќа и се ближи крајот.
Повеќе од една година не сме ја виделе хрватската музичка sвезда со нејзиниот сопруг, а неодамна откако се вакцинираше против Ковид 19 замина на Малдивите, без да открие дали некој и прави друштво.
Што се однесува до Игор, не се знае многу за неговиот живот, а медиумите последните денови пишуваа за неговото минато – поточно, за неговата врска со убавата и позната српска актерка Катарина Радивојевиќ, која се прослави со улогата во филмот „Зона Замфирова“.
Како што сешпекулираше пред шест години, Игор имал романси со неколку познати убавици, а меѓу нив е наводно и една од најдобрите и најатрактивните меѓу домашните актерки. Но јавно, ниту убавата Зоне ниту Игор никогаш не ги потврдија овие шпекулации.
„Катарина и Игор никогаш не зборуваа јавно за нивната врска, која, рака на срце, не беше премногу сериозна. Само нивните најблиски пријатели знаеја дека се гледаат. Неколку пати се скараа и се смирија, а последното и конечно раскинување се случи кога Игор и Северина се сретнаа“ – тврдеше неименуван извор близок до познатата двојка за Прес Србија пред неколку години.
Според медиумите, Катарина била во врска и со Видоје Ристовиќ, кој денес е во брак со Николина Пишек, но ниту таа не ги коментираше тие наводи, бидејќи одбива да зборува во медиумите за нејзиниот приватен живот.
Фото: Инстаграм принтскрин/katarinaradivojevic_fanpage/igorkojic