Поранешниот свршеник на Џенифер Лопез, Алекс Родригез е уловен како излегува од зградата во која живее актерката Кејт Холмс.
Имено, еден фоторепортер го фотографирал Алекс како го напушта објкетот каде што живее Кејт.
Многумина се прашуваат дали на повидок има нова љубовна романса откако Родригез беше уловен како излегува од зградата во која живее бившата сопруга на Том Круз.
На фотографиите се гледа тој изгледа многу опуштено, но не е познато дали актерката се наоѓала на таа адреса за време на неговата посета.
„Леле, леле што прават луѓето“, „Нова романса“, „Одмазда за Џеј Ло“, се само некои од коментарите.
Потсетуваме, откако Џенифер Лопез и Алекс Родригез ја раскинаа својата свршувачка, пејачката по 17 години се врати на својата стара љубов Бен Афлек.