Единствените две земји – учеснички на ЕУРО 2020 од регионот, Хрватска и Македонија стартуваа на првенството… До душа обете репрезентации не победија иако не е ништо загубено. Следуваат уште пдва натпревари, по два „поправни испита“ и за обете репрезентации, па со малку среќе и умеење, тие, а можеби и ние ќе можеме да се најдеме во следната фаза!?
А фудбалот во секоја фаза ги доведува навивачите во екстаза… особено кога нивниот тим или репрезентацијата играат важни натпревари, сето останато е во втор план и може да се занемари. зашто навивачите се исто толку важни колку и играчите за една екипа, а ако е репрезентација, тогаш за неа навива целата нација!
Така било отсекогаш, така беше и овој пат! И Хрватите и ние ги имавме своите верни навивачи, разбирливо, најмногу машки, ама меѓу нив најважни и секако најубави, најзгодни и најсексапилни, оние што навиваат во високи потпеци, мини фустанчиња, куси панталончиња и танга бикини!
Токму такви две имаа и Хрватска и Македонија, кои во склад со целата фудбалска хармонија дефинитивно беа најзгодните, најсекси и најпознати фудбалски навивачки на обете нации и нивните репрезентации!
Нашата лото девојка Марјана Станојковска лото топчињата ги знае и на сон, а и топката не и е непозната во животот… До душа, можеби многу повеќе онаа – кошаркарската, ама уште оддамна покажа дека добро и умешно жонглира и со фудбалската. Од колено до штоп на гради и тоа во високи потпетици и мини фустанче, наша Марјанче слободно може по потреба да истрча и на терен.
View this post on Instagram
Со ваква става, долги нозе и бујни атрибути, многумина би се обложиле дека со неа во тимот би биле меѓу главните фаворити!
Хрватите исто така ништо помалку не заостануваат и можат со нас да се носат јуначки, кога се во прашање познатите и секси навивачки!
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/najpoznatata-hrvatska-navivachka-ivana-knol-mnogu-dobro-znae-kaj-se-dava-gol-starletata-kako-na-sportska-slikovnica-vo-tanga-shahovnica-foto-video/
Можеби нивната Ивана Кнол знае како се навива и кога ќе дадеш и кога ќе примиш гол, ама она што го знае Нивес Целзиус, носи еуфорија плус!
Како бивша жена на некогашен хрватски фудбалски репрезентативец, искусната Нивес денес ги знае сите тајни: од оние во креветот до оние во најпопуларната игра на светот!
Затоа не случајно на отворањето на нивната репрезентација на турнирот, покажа дека е буквално „најжешката“ навивачка на хрватските „огнени“. Само во бел мрежест топ колку да и ја држи гордо исправена и високо крената раскошната предница, во „шаховница“ танга бикини, расната Нивес го покажа сиот свој телесен раскош и дар, преточен во навивачки жар…
Сончање во пригодни национални бои на „коцкестите“ и едно прашање: Вие каде гледате? Не во Нивес и нејзиниот телесен дар, туку фудбалскиот натпревар?
Одговорот си го има секој за себе и тоа кога се во прашање и двете секси мачки, обете познати навивачки кои уште во раната фаза, нацијата ја доведоа до екстаза…!
Зашто е евидентно дека и Нивес и Марјана се ултрасекси категорија, за дополнителна ЕУРОфорија!
Фото: Инстаграм принтскрин/marjanamay/nivescelsius