Мегафон ЕУРО 2020

Македонското знаме гордо се вееше на „Олимпико“ на спектакуларното отворање на ЕУРО 2020 (ВИДЕО)

Македонското знаме гордо се вееше на „Олимпико“ на спектакуларното отворање на ЕУРО 2020 (ВИДЕО)

Европското првенство во фудбал ЕУРО 2020 конечно го дочека својот почеток по една година одложување поради пандемијата предизвикана од коронавирусот.

Како што е обичај во последно време, пред почетокот на премиерниот натпревар помеѓу Италија и Турција се случи и церемонијата со која и официјално беше отворено Европското првенство.

На церемонијата, за прв пат во историјата се развеа и македонското знаме, кое беше централно позиционирано и можеше да се види во многу наврати во текот на преносот.

Церемонијата беше отворена од легендите на италијанскиот фудбал, Франческо Тоти и Алесандро Неста, а потоа во ревијалниот дел настапија и Андреа Бочели, како и ликот на пејачот Боно Вокс во вид на холограм и Ди Еџ, обајцата од легендарната груоа „U2“,  заедно со ДЈ Мартин Гарикс, кои ја изведоа официјалната химна на Европсото првенство.

To top