Сопругата на Саша Поповиќ, пејачката Сузана Јовановиќ по 11 години издаде албум. По тој повод, организираше промоција и ја собра речиси цела естрада.
Сузана и Саша првпат заедно се појавија во јавност заедно со нивните деца.

Јовановиќ првпат се омажи на 18 години,а од тој брак го има синот Даниел кој живее со неа и Саша. Од бракот со Поповиќ, Сузана ја има ќерката Александра.

Ќерката на Сузана и Саша не сака да се експонира во јавност, но според фотографиите може да се забележи дека таа пораснала во прекрасна убавица.
Инаку, Даниел работи во „Гранд продукција“.