Српската старлета Тамара Ѓуриќ непрописно го паркирала својот скап Ферари среде Белград, па за тоа доби казна.
Имено, таа сподели видео на Инстаграм, на кое јасно се гледа дека го паркирала Ферариото на место што е наменето исклучиво за инвалидизирани лица. Паркинг службата пристигнала на лице место за околу десет минути, па се шокирала кога сфатиле дека „Ферари“-то ни помалку, ни повеќе е на Тамара.
Најпрвин од кафулето излегло едно момче, кое разговарало со луѓето од Паркинг службата, бидејќи тој веројатно бил побрз од Тамара, која била на високи потпетици. Наскоро пристигнала самата таа, па влегла во автомобилот,а потоа црвеното „Ферари“ релаксирано го паркирала преку пешачкиот премин во областа наменета исклучиво за пешаците.
Момчето и ја отворило вратата, таа излегла од скапиот автомобил и полека се вратила назад кон кафулето, не грижејќи се дека автомобилот одново е паркиран на апсолутно несоодветно место.
„На паркингот немаше место, застанав само на 10 минути, па паркирав таму. Келнерот ми кажа, излегов и го препаркирав автомобилот. Немаше простор пајакот да го однесе, зашто јас бев во него и го препаркирав. Потоа човекот од службата се врати со таблет, го сликаше и ми напишаа казна. По неколку минути си заминав“ – тврди Ѓуриќ, која „мува да не ја лази“ за скандалот.
Од паркинг службата ништо поразлично не тврдат… Освен дека кога пристигнале, не знаеле во што побргу да гледаат: Во евидентирањето на прекршокот, во црвеното „Ферари“ или во длабокото деколте на Тамара, чии огромните гради, само што не излегле од фустанот на цицлестата силиконска старлета!
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм принтскрин/tamarastar89