Радио Милева и фрлил мерак...

Огњен Врањеш ја „смувал“ и најзгодната српска политичарка: Фудбалерот и Ана Гроздановиќ во љубовна или само во трач афера? (ФОТО)

Огњен Врањеш ја „смувал“ и најзгодната српска политичарка: Фудбалерот и Ана Гроздановиќ во љубовна или само во трач афера? (ФОТО)

Членката на Социјалистичката партија на Србија (СП) Ана Гроздановиќ важи за најубавата жена не само на српската, туку според многумина и на регионалната политичка сцена, па и пошироко на Балканот.

Откако се појави во политиката таа не престанува да го привлекува вниманието каде и да се појави и никого не остава рамнодушен, а постојано е и во фокусот на медиумите.

 

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/ana-najseksi-politicharka-vo-srbija-ubavica-so-dolgi-noze-telo-vreteno-i-provokativen-stajling-foto/

Токму затоа и како бомба одекна веста дека фудбалскиот заводник и љубовник,  Огњен Врањеш, по Карлеуша го заробил срцето на политичарката Ана Гроздановиќ.

Наводно таа раскинала со своето момче пред неколку дена, но очигледно во последен момент сè се свртило наопаку и сега таа јавно ги демантираше различните шпекулации.

Имено, најубавата политичарка во регионот објави низа фотографии со своето момче на нејзиниот Инстаграм, неколку споделени спомени, и со тоа јасно стави до знаење дека никој не може да им ја наруши љубовната идила и среќата.

Гроздановиќ го користи секој слободен момент да го помине со своето момче, а според објавите од социјалните мрежи уживаат во многу активности, интереси и меѓусебна размена на емоции.

А Врањеш? Веројатно останува „напален“ и „наострен“ како дива мачка во заседа да го чека првиот поволен момент на „љубовна дисхармонија“ за да ја „нападне“ и заведе сексапилната политичарка?!

Фото: Инстаграм принтскрин/anagrozdanovicc/ognjen_vranjes

 

 

To top