Со истурена чаша вода за среќа, македонските фудбалски репрезентативци испратени кон Букурешт, на својот прв настап на големите фудбалски натпреварувања, односно на Европското првенство.
Македонија својот настап го отвора во недела против Австрија, потоа играме против Украина, па патуваме кон Амстердам каде ќе играме против Холанија на Јохан Кројф Арената.
При испраќањето на ЕУРО, ФФМ испрати специјална порака од својот фејсбук профил.
Бидете свои, бидете храбри како и секогаш. Веруваме во вас. Среќен пат.– пишуваат од ФФМ на Фејсбук.
Извор: Дриблинг.мк