Македонската поп пејачка Тамара Тодевска заедно со своите колеги од регионот: Лена Ковачевиќ, Ивана Петерс, Марко Луис, Сашка Јанкс и Игор Симиќ е дел од проектот во кој музичките ѕвезди од регионот се здружија под името „O2“ и ја отпеаа песната „Удахни“ („Вдиши“). Автори на песната се Владимир Даниловиќ и Немања Филиповиќ.
„Песната всушност има неколку цели, од кои главните се подигање на свеста за важноста на зачувување на животната средина, борба против загадувањето но и многу важна порака за поддршка за сите оние кои преживеале или сè уште ги преживуваат тешките последици од пандемијата. Моќта е во наши раце, ние треба да ја користиме за ширење на позитивна енергија и подигнување на свеста за теми кои имаат значајно влијание врз квалитетот на животот на сите нас.“ – велат организаторите од Magic records.
https://www.youtube.com/watch?v=TMoMdynLH38&t=66s