Трејлерот за македонската акциона серија „BLACK OPS“ вчеравечер, недела, 06.јуни 2021 година беше промовиран во Скопје, во киното „Синеплекс“.
Во холивудски манир и сценарио, паркирани полициски хермелини и лузксузни лимузини со кои дел од актерите пристигнаа пред „Сити мол“, каде беа пречекани и продефилираа на црвениот тепих кој беше поставен токму пред најголемиот затворен трговскиот центар во македонската престолнина.
Љубопитни погледи на граѓаните, блицеви и објективи на фоторепортерите, кадри на камерите и позирање, прашања и одговори за новинарите… Скопје за миг заличи на како да е дел од големите светски метрополи во кои луксузно и гламурозно се промовираат најголемите светски блокбастери.
Кога сме веќе кај поводот и причината, во прашање е домашна серија во продукција на Artistic Film Production, а во режија на Били Дурмишовски. Велат, македонски акционен серијал каков досега не сме виделе.
Приказната во „Black Ops“ го следи Вилијам Конор, американски војник, соочен со најтешките предизвици и најголемите тешкотии во животот.
Низ исклучително збунувачки збир на околности, тој започнува да ги составува изгубените парчиња од една неизмерно огромна и мрачна загатка што го води кон Балканот во Источна Европа и можноста за спасување на неговото киднапирано семејство.
Со помош на неговите пријатели Бабиќ и Нора, Конор успева да започне да ги бара слабостите на неговиот противник Сатар, за да открие дека меѓу сенките на злосторствата на Сатар, всушност се крие и демнее еден друг, многу посуптилен и баеги поопасен непријател.
Дел од оваа серија се многу познати и звучни имиња од македонската јавна сцена. Естрадни ѕвезди, актери, водители… меѓу кои и Давид Мука, Христијан Тасковски – Таско, Тракер, Луна, Стефан Лазаров, Тамара Тодевска, Ана Стојановска, Игор Џамбазов…
Погледнете го трјлерот и очекувајте уште поголем спектакл… Барем, таква е најавата: