Радио Милева

Нов скандал го тресе турскиот пар: Онур ја изневерува бремената Шехерезад?

Нов скандал го тресе турскиот пар: Онур ја изневерува бремената Шехерезад?

Турската актерка Бергузар Корел позната на публиката како Шехерезад и актерот Халит Ергенч познат како Онур ќе станат родители по трет пат.

Како што тврдат извори блиски до семејството, тие не ја планирале бременоста, но многу се израдувале што нивното семејство ќе се прошири на есен.

Меѓутоа, пред веста за бременоста, во медиумите се појавија шпекулации дека Бергузер и Халит не се во најдобри односи и размислувале да се разделат, но веста за бременоста ги зближила.

Повторно во медиумите се пишува дека во бракот на парот не цветаат рози.

Некои турски медиуми пишуваат дека наводно Халит не одолее на шармот на турската актерка Тјубју Бујукустјун со која наводно ја изневерил сопругата.

„Моментално тие се во преговори за заеднички проект, а по кастингот, една вечер заминаа на вечера која заврши со романса. Халит не е во среќен брак подолго време, па два пијалаци беа доволни за да и се препушти на друга жена. Туба и тој се видеа уште неколку пати после тоа, но тие секогаш изјавуваадека причината за нивната средба е проект на кој потенцијално ќе работат. Таа го заведе веќе на првото снимање, а тој не се ни обиде да ја одбие“, изјави неименуван извор за турските медиуми.

Ниту актерот ниту актерката не зборуваа за овие тврдења, но Халит неодамна во едно интервју изјави дека во последно време размислува исклучиво за раѓањето на третото дете и за името што ќе им ги даде на ќерката или синот.

To top