Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Отвореното првенство на Франција, откако го победи Уругваецот Пабло Куевас со: 6:3, 6:2 и 6:4. Ѓоковиќ стигна до победата против 92-от тенисер во светот, и до 22-та победа во 2021 година, по нешто повеќе од два часа игра.
Сепак, натпреварот остана во сенка на големиот инцидент помеѓу Новак и еден навивач. Имено, секогаш кога Новак требаше да сервира, едно момче од трибините на стадионот „Сузан Ленглен“ редовно нешто му дофрлаше. Најпрвин Ноле го игнорираше и не сакаше да реагира, но во четвртиот гем од третиот сет „му пукна филмот“.
Новак му пријде на главниот судија на натпреварот, Рено Лихтенштајн и најпрво му го покажа делот од трибините од каде доаѓаа навредите.
“Тој го прави тоа секој пат… На секоја моја серва! Дали ќе првземете нешто? Кога ќе реагирате?!“ – го праша Ноле арбитрарот. Французинот само крена раменици и прилично тивко само „протоколарно побара од публиката да се однесува поучтиво“, а Новак Ѓоковиќ, враќајќи се да му сервира на Пабло Куевас, збесна:
„Да ти ја е*ам мајката во пи**ата“ – можеше да се прочита од неговите усни.