Пејачката Милица Тодоровиќ гостуваше во емисијата „Шок ток“, па се расплака поради зборовите на мајка.
„Се случуваше три пати во неделата да оди за Белград, се случуваше да немаме пари, да нема каде да спиеме кога ќе завршеше натпреварувањето. Милица сака да пее во својот град, но досега никој не ја покани. Јас сакам да запее на нашиот плоштад бидејќи го заслужува тоа. Желба ми е да имам уште внуци, таа има 30 години. Моја најголема желба е да се реализира во улога на мајка“, изјави Јасмина, мајката на пејачката.

„Некогаш спиев кај Јована Пајиќ бидејќи немаше каде да спијам. Мојата мајка е прекрасна, таа е вистински соговорник, јас ја обожавам. Јас сум некој кој секогаш е вреден и бев најдобра во училиште. Не е лесно, луѓето знаат да кажат дека не знам дамски да се однесувам. Тие не знаат дека тоа е мој штит. Јас чувствував разни енергии околу себе и изградив ѕид. Почнав на 14, а првиот албум го снимив на 18 години. Среќавам разни луѓе. На настапите кога ќе дојдат момчиња да се фотографираме, им се тресе раката, така се заштитувам. Никогаш немав некоја непријатна ситуација“, изјави Милица.

Потсетуваме, Милица Тодоровиќ на своите 15 години победи во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.