Внукот на Цеца го слави својот прв роденден, што е голема работа во секое семејство. Токму затоа, семејството Ражнатовиќ, особено Цеца, се потрудија да организираат прослава за момчето што ќе биде незаборавна.
Лично таа, во договор со синот Вељко и снаата Богдана за прославата избрала ресторан, а се советувала и за украсувањето. Тоа ќе биде со детска темематика, со многу балони и други ситници со мотиви на ликовите од цртаните филмови, а ќе доминираат сината и белата боја.
Сепак, тие морале да го намалат бројот на гости поради моменталната епидемиолошка состојба, но ќе присуствуваат нивните најблиски. Сестрата и зетот на Цеца, Лидија и Предраг Оцокоjиќ со своите деца, сестрите на Богдана, Мирко Шијан, како и нивните родители Богдан и Данијела. Тие ќе дојдат на прославата директно од Тител, со уште неколку членови на семејството.
На забавата ќе присуствуваат неколку семејни пријатели на Ражнатовиќ, колеги и соработници и јавни личности со кои се дружат. Незаменливи се гордата тетка Анастасија, момчето на Цеца, Богдан Срејовиќ и пријателите кои исто така имаат деца.
Цеца не штедела кога станува збор за прославата, наведува добро упатен соговорник, но имајќи предвид дека станува збор за елитен ресторан, може да се каже дека добро поминала. Дала околу десет илјади евра за закуп на ресторанот и угостителските услуги, додека одвоила и уште околу три илјади евра за украсување, за аниматори за децата и други ситници.
Бидејќи е роденден за најмладиот во семејството, во поголема мера нема да има алкохол, па фолк дивата дала околу илјада евра за пенливи вина за да се наздрави. Тортата ќе биде гламурозна и голема, на неколку спрата, а соговорникот вели дека сината боја ќе доминира и ќе има неколку вкусови.
Подготвена е слатка трпеза, која најмладите ја обожаваат, а Цеца платила и околу илјада евра за кондиторски производи. Инаку, најмалиот Ражнатовиќ ќе носи костум скроен специјално за него на неговиот роденден, додека за Цеца се шие специјален фустан за оваа пригода.
Сè уште не е познато што му купила пејачката на својот внук како роденденски подарок, додека тета Анастасија најавила дека му подготвува подарок што засекогаш ќе му остане како спомен. Тоа е специјално парче злато на кое ќе биде врежана посветата. Таа е многу врзана за нејзиното внуче и овој ден е многу важен за неа.
Фото: Инстаграм принскрин/cecaraznatovic