Весна и Ѓоле Ѓогани изминатиот период беа во фокусот на вниманието поради снимката на која Ѓоле се бакнува со непозната жена.
Имено, папараците го уловија Ѓоле како на паркинг се бакнува со долгогодишна пријателка и соработничка, па веднаш започнаа гласините за неверство.
По тој повод тогаш се огласи и Весна Ѓогани која истакна дека го прашала сопругот дали има нешто да и каже, а тој изјавил дека нема никакво неверство односно жената му се заблагодарила бидејќи Ѓоле однел телевизор на нејзиниот брат.
Парот во Утринската програма на Прва телевизија ја прокоментира целата ситуација.
„Кога Ѓоле дојде дома беше многу пријатно. Не сакам да се занимавам со тоа што другите ќе кажат, не сакам тоа да влијае на мојата приватноста“, започна Весна, а Ѓоле додаде:
„Што видеа луѓето? Жената донесе документи, ми се заблагодари и културно ме бакна“, вели Ѓогани.
Весна откри и како реагирала кога ја видела снимката.
„Повеќе му верувам на него отколку на своите очи. Јас му верувам, ние сме заедно 20 години. Кога го видов тоа на никој не му беше пријатно. Ние зборувавме дека снимката ќе ја видат и нашите деца. Кога заспаа децата го прашав за што се работи, има ли нешто или не. Тогаш тоа го решивме дома, тоа е важно“ изјави пејачката.
Весна и Ѓоле истакнаа дека благодарение на скандалот добиле 50 000 следбеници, но никогаш не сакале таква реклама.
„Ни не треба таков вид на маркетинг. Ние имаме песни, јас долго време постојам, заедно сме 20 години“, потенцираше Ѓоле.
Жената со која се бакнуваше Ѓогани е нивна заедничка пријателка и соработничка, па и немилата случка тие и понатаму се добри пријатели.
„Често седиме, пиеме кафе. Се е во ред со неа и со нас. Нормалните луѓе брзо сфаќаат дека е лага“ изјави Ѓоле.