Радио Милева „за она добра стара времена“

Страсно се бакнуваат: Протече невидена фотографија од свадбата на Кемиш и Весна Змијанац (фото)

Страсно се бакнуваат: Протече невидена фотографија од свадбата на Кемиш и Весна Змијанац (фото)

Хармоникашот Мирољубиќ Аранѓеловиќ Кемиш и Весна Змијанац во 80тите беа во брак кој траеше 3ипол години.

Сега на Инстаграм се појави фотографија од свадбата на популарниот пар, а двајцата изгледаат потполно различно.

Имено, Весна имала долга, руса коса, но и Кемиш имал долга коса и неколку килограми помалку.

фото: инстаграм

Денес, Кемиш е во брак со колешката на Змијанац, Зорица Брунцлик.

„За мене тоа беа убави години. Тој беше прекрасен сопруг, но нашиот брак немаше иднина. Се што е убаво кратко трае и поминува. Беше турбулентен период во нашиот живот. Бевме млади, но се тоа помина“ изјави пејачката во една прилика.

фото: инстаграм/весна змијанац

Од друга страна, еве што вели Кемиш за бракот со Змијанац.

„Весна и јас се разделивме како луѓе. По разделувањето имав свој стан, свој кревет и бројни девојки. Не ми падна на памет да се врзувам со некој. По некое време се појави Зорица и внесе некоја друга енергија. Мојата сегашна сопруга не ме зема од Весна туку сам одлучив да си заминам“, изјави Кемиш.

фото: дамир дервишагиќ
To top