Бугарската пејачка ѕвезда Гери-Никол која и кај нас е позната по дуетот со Слаткаристика во темата „Гледај ме“, заради корона пандемијата можеби не е толку активна на сцената и на социјалните мрежи во моментов, но кога и да се појави, предизвикува вистинскo лудило.
Така и овој пат таа успеа да го стори истото, објавувајќи две многу жешки фотографии. Очигледно, дамата од Варна продолжува со егзотичните годишни одмори, бидејќи нејзините најнови фотографии се од рајски места, каде што температурите се многу повисоки во моментов, отколку на Балканот.
На фотографиите, пејачката позира во многу оскудна облека- голема, розова кошула, тексас шорцеви и забележителни гламурозни чизми. Овој пат, Гери-Никол реши да ги направи фотографиите за своите следбеници уште пожешки со отстранување на градникот, великодушно покажувајќи ги градите.
Овој секси изглед е придружен со широка насмевка, но пејачката додаде многу поучен опис на снимката, кој вели:
„Обрнете внимание на тоа кој не ви аплаудира кога ќе успеете“!
Сè уште не е потврдено дали Гери-Никол е навистина среќно вљубена во нов човек и дали тој не ги снимил сите провокативни пози, како и кадрите под тушот на кои еротската возбуда што ја предизвикува Гери, тешко дека може со нешто друго да се мери.
Исплакнете очи ако сте гладни за вакви кадри… Всушност, сеедно, гладен или сит, Гери-Никол ви посакува… „Добар апетит“!
View this post on Instagram
Извор: woman.bg
Фото: Инстаграм принтскрин/gerynikol