Богдан Срејовиќ, момчето на Светлана Ражнатовиќ, покрај успехот во на љубовен план, откако се фати со Цеца му тргна и во работата. Според српските медиуми, Богдан бил унапреден на работното место. Имено, Срејовиќ стана главен промотор во еден познат белградски локал, каде неодамна го прослави својот 39-ти роденден.
„Богдан најпрвин беше чест гостин во ресторанот, а сопствениците сега му понудија позиција на главен промотор, со цел да привлече што повеќе луѓе. Долго време се занимава со таа работа и сите го знаат и ценат, а познава и многу популарни луѓе, па затоа беше вистинскиот избор. Секако, врската со Цеца дополнително ги прошири неговите контакти. Мислам дека направија добар потег“ – вели соговорник, близок на сопствениците на локалот.
Богдан бил познат во српската престолннина и претходно како успешен менаџер на многу белградски клубови и ресторани, но неговата врска со Цеца му донесе поголемо признание и почит, па затоа и деловните понуди почнаа да „врнат“.
Фото: Инстаграм принтскрин/bogdansrejovic