Младата пејачка Ања Ветерова по принудниот престој дома, во Македонија поради корона пандемијата, конечно успеа да се врати во САД, каде е на музички студии.
Периодов нема учење, па младата убавица целосно им се препуштена на релаксацијата, одморот, уживањето, па преку целодневно дружење во сончевото Мајами на Флорида сака да го надополни онашто го изгуби минатото лето или поточно повеќе од една година.
Навечер прошетка и по малку забава, онолку колку што дозволуваат се уште важечките Ковид 19 протоколи, а преку ден… Подобро нешто, отколку ич, за да се ќари она малку сонце што може да се ќари на Мајами Бич, во овој период од годината!
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/anja-veterova-e-seksi-moma-makedonka-niz-ulicite-na-majami-vo-stajling-koj-mami-pogledi-foto/
Некогаш малото слатко девојченце со чии песнички пораснаа генерации деца, сега покажува дека е вистинска убавица. На песочната плажа во бикини, поглед за целосна трансформација, за комплетна смена… Од слатко девојченце, Ања е сега, како „мала сирена“.
Иако можеби нема баш манекенски пропорции кога е висината во прашање, сепак Ања не се срами да ги покаже своите капацитети на женските облини. Затоа често на Инстаграм споделува и секси фотографии како последната бикини сесија, на која доминира онашто е нејзиниот главен адут.
Погледот на него за многу млади момчиња е вистински празник, а Ања и тоа како знае да воодушеви со фотографии на кои во преден план е нејзиниот убав, извајан задник.
Дали е во прашање едноделен „Baywatch“ костим за капење…
… Куси тексас шорцеви…
…Или танга бикини – сеедно… На нив природните убавини од плажата на Мајами и “малата сирена“ што машките погледи ги мами.
И додека студиите и музиката чекаат Ања одново да им се придружи и своето студирање да го продолжи, „малата сирена“ на песокот се обиде уште малку да се „издолжи“, па се поткрена на прсти за да биде повисока женска, а позата што поманекенска… Како во една од прочуените детски песнички, кои, како што споменавме и таа ги пееше, иако оваа не е нејзина, ама затоа совршено на ваквата поза и прилега, а гласи:
„Како, ли јас да пораснам, се’ до небо, високо…?“ – иако мора да признаете дека и вака, Ања и тоа како е примамлива за око!
Фото: Инстаграм принтскрин/anniamusicofficial