Радио Милева малер на вода

„На чија јахта Северина еднаш ќе се качи, на тој засекогаш животот ќе му се смачи“! (ФОТО+ВИДЕО)

„На чија јахта Северина еднаш ќе се качи, на тој засекогаш  животот ќе му се смачи“! (ФОТО+ВИДЕО)
Пожарот во Каштелите во Хрватска минатата недела, целосно уништи пет јахти кои целосно изгореа. Еден од нив му припаѓа на Милан Поповиќ, бившиот сопруг на Северина, а видеото покажува дека од неговата јахта останал само пепел.
Милан во телефонски разговор за хрватските медиуми потврди дека неговата јахта изгорела во пожарот во Каштелите.
„Да, и јахтата ми изгоре“ – изјави бизнисменот Поповиќ. Пожарот започна во саботата вечерта во марината во Каштел Гомилица, каде беа закотвени најголемите и најскапите јахти. Два брода целосно потонаа.
„Штетата се брои во милиони. Сите пловила се целосно се осигурани, немаше други поголеми штети во самата Марина Каштела, а полицијата сега ја работи својата работа за да ги утврди околностите и причините за пожарот“ – изјави сопственикот на марината Јосип Беркет. Компензацијата и сите детални проценки ќе следат по официјалната потврда за причината за пожарот. Сопствениците на оштетените бродови ќе се обидат да ја наплатат штетата од сопственикот, односно од неговата осигурителна компанија.
Она што е интересно дека „сеирџиите“ на социјалните мрежи веднаш уништената јахта на Милан Поповиќ – бившиот сопруг на Северина, ја поврзаа со нејзината порно афера и домашното видео, кое всушност беше снимено на јахтата на нејзиниот тогашен љубовник, херцеговскиот бизнисмен  Милан Лучиќ.

Тој по порно видеото со сСеверина буквално како да исчезна, за во 2018 година одново да се најде во центарот на вниманието на јавноста за проневера во стечајна постапка, во која на крајот беше уапсен со неколкумина негови соработници, под основано сомнение дека незаконски заработиле неколку милиони евра, од компании што биле во стечај, низ повеќегодишна проневера.

Лучиќ е сопственик на бар и камп во Макарска, а беше уапсен пред сезоната, па целата сезона му пропадна. Тој често престојуваше во Далмација, а според последните информации тој имал и имот што го продал во 2011 година за 3 и пол милиони евра.

Можеби затоа „сеирџиите“ на социјалните мрежи се повикуваат на максимата:  „На чија јахта Северина еднаш ќе се качи, на тој засекогаш животот ќе му се смачи“!

Фото: Дамир Дервишагиќ/Далмација данас/Магазин.ба/ 24 сата.хр/Јутјуб принтскрин/Инстаграм принтскрин/severina

Видео: Јутјуб

To top