Пубертетот е еден од најтешките периоди во текот на одгледување на децата. Еве колку биле хиперактивни познатите личности и какви „главоболки“ им задавале на децата.
Клои Кардашијан
Реалити ѕвездата која и наскоро ќе стане мајка, призна дека кога била млада често лагала со кој и каде излегувала, а исто така правела лоши работи кои ја растажувале нејзината мајка.
„Често ја крадев колата на мајка ми, се додека еден ден не се запали. Тогаш моите родители дознаа што правам. Некоја жена открила дека сопругот ја изневерува, па по грешка го запалила мојот автомобил, кој беше паркиран веднаш до неговиот. Оттогаш не можев да кријам што правам и каде одам, изјави Клои.
Кети Пери
Познатата пејачка беше избркана од училиште поради недолично однесување.
„Бев шест одделение и се бакнував со дрво во училишниот двор. Поради тоа бев суспендирана. Во тоа време подготвувавме претстава со грчка митологија и јас ја глумев Афродита, а бидејќи немав љубовен живот, дрвото ми беше како партнер, вели Кети.
Адел
Како тинејџерка го следила британското реално шоу „Поп идол“ во кое го пронашла својот омилен кандидат.
„Вил Јанг беше мојот омилен натрпеварувач. Бев опседната со него, но во училиште кажуваа лоши зборови за него. Тоа толку ме налути, па дури се тепав, вели Адел.
Салма Хајек
Салма одела во католичко училиште, но нејзината желба за шеги не ја прифаќале сите. Сите девојки живееле заедно во склоп на училиштето, а Салма не се соглсувла со нив.
„ Тие секое утро стануваа рано за да шминкат и средуваат, а тоа правеше врева. А јас сакав повеќе да спијам. Затоа една вечер им ги сменив алармите. Се разбудија во 4 наутро и полудеа, а јас се смеев, вели симптичнат актерка.