Eкипата на серијата „Забрнаето јаболко“ која секоја ден се емитува на Канал 5 телевизија заврши со снимањата на 4-тата сезона, па актерите заминаа на заслужен одмор.
Имено, иако во серијата си прават сплетки и интриги едни на други, актерките од „Забрането јаболко“ зад камери освен што се добри колешки се и добри пријателки.
Така, женскиот тим замина на заеднички одмор. Шевал Сам (Ендер), Еда Еце (Илдиз), Несрин Каваџаде (Шахика), Асуман (Мелиса Догу и Гуленај Калкан (Фериде) уживаат на крстарарање по Босфорот.
Тие речиси секојдневно на социјалните мрежи објавуваат фотографи и видеа покажувајќи колку им е забавно заедно.
Овој пат, дамите од „Забрането јаболко“ на социјалните мрежи споделија една заедничка фотографија на која позираат во фустани или бикини прекриено со летна наметка.
View this post on Instagram
Фотографијата за краток период доби илјадници лајкови, а фановите ги описпаа со позитивни коментари.
Инаку, во октомври ќе започне 5-та сезона на „Забрането јаболко“.