По дисквалификација на Вања Кнежевиќ од „Ѕвездите на Гранд“, фолк ѕвездата и помага да ја сними својата прва песна.
Вања не крие колку е благодарна на Цеца за помошта, но вели дека не сака да биде како балканската ѕвезда туку сака да си најде свој пат.
„Немав прилика да ја запознам Цеца, но се слушнавме преку телефон. Јас сум и благодарна што ми даде таква прилика во животот и покажа каков човек е. И се восхитувам на нејзината кариера, но не сакам да бидам како неа или како Анастасија, тие се супер, но јас сакам да најдам свој правец, мислам дека секој треба да единствен“, изјави Вања.
За потсетување, Кнежевиќ беше исфрлена од музичкото шоу откако по коментарите на Јелена Карлеуша за нејзиниот стајлинг, кандидатката упати низа негативни коментари за Карлеуша, а потоа ги навреди и „Ѕвездите на Гранд“.