Родната куќа на српската фолк легенда, пејачката Лепа Лукиќ во селото Милочај крај Краљево е продадена на јавна лицитација минатиот петок, по цена од еден милион динари, дознава српски Курир од извор кој бил детално информиран за целиот случај. Медиумите веќе неколку пати пишуваа за оваа куќа, најмногу споменувајќи ја дека фолкерката била многу приврзана за нејзиниот роден дом, каде го поминала детството. Често зборувала дека со задоволство оди таму, особено додека беа живи нејзината мајка Милошија и братот Рајко.
Причината поради која оваа куќа отишла под хипотека, според добро упатен извор, е неплаќањето на кредитот од 10.000 евра, што своевремено го зел братучедот на пејачката, Раде Јовановиќ. Оваа куќа и имотот Лепа му ги пренела нему, по смртта на нејзиниот брат Рајко, за кого била многу приврзана.
„Раде го стави под хипотека својот имот во банка за да земе кредит што не го отплатил. Тогаш тој долг го презеде една компанија од Белград што се занимава со откуп на долгови. Куќата беше продадена веднаш за сума од 60 проценти од нејзината реална вредност, а Раде не се појави на тоа рочиште, иако беше уредно повикан. Покрај куќата, продадено е и земјиштето под зградата и една ливада од трета класа. Сето тоа беше продадено за нешто повеќе од милион динари. За тоа беше задолжена јавната извршна канцеларија на З.С. Имаше двајца наддавачи, а куќата ја купи жена од соседно село“ – наведува изворот.
„На неколку стотици метри од куќата, Раде држи етно-ресторан и тој сега живее сам во таа куќа, додека остатокот од неговото семејство е во Белград. Жената што ја купила куќата сигурно ќе бара тој под итно да го напушти имотот. Братучедот на Лепа Лукиќ не можеше да ја продаде таа куќа никму, затоа што беше под хипотека. Куќата не е напуштена, но е во многу лоша состојба, тревата во дворот е порасната половина метар, ужас еден“ – заклучил добро информираниот извор.
Лепа Лукиќ, била шокирана од ова сознание, кога ја побарале новинарите за коментар.
„Леле, дали е тоа вистина? Па, како да биде одземена? Зошто и кој го сторил тоа? Леле, како никој не ми се јавил на мене? Знаете, јас ја пренесов таа куќа на мојот братучед, тој не ме извести за тоа, првпат слушам за ова. Сега ќе му се јавам да проверам дали е тоа точно? Не сакам да верувам дека е вистина“ – рекла пејачката, која повеќе не одговарала на подоцнежните телефонски повици.
Фото: Инстаграм принтскрин/курир.рс/lepa_lukic_official/