Пејачката Северина Којиќ е пријавена во полиција зашто наводно, фрлала со живи јајца кон соседот (77) од Загреб.
Имено, како што се наведува, тој истакнал дека нејзините јајца „му се цеделе низ маицата и панталоните“, а тој пријавил сè во полициска станица, пишуваат хрватските медиуми.
За време на интервенцијата, Северина и рекла на полицијата дека „не знае за какви јајца зборува соседот“ и дека „ручала на маса со своето семејство“. Но, нејзиниот сосед истакнал дека тој сепак имал уште еден проблем.
„Некој ми ги отккорнал бришачите од автомобилот. Се сомневам кој би можел да биде, но нема да кажам“ – изјавил комшијата на Северина, кој живее во загребски Козјак, каде што живее и пејачката, кој им се доверил на своите пријатели од соседството.