Радио Милева до кога вака?

Детали за најновата сообраќајка на Дарко Лазиќ: Скршена бандера, неговото плус две уништени возила и штета од милион динари (ФОТО)

Детали за најновата сообраќајка на Дарко Лазиќ: Скршена бандера, неговото плус две уништени возила и штета од милион динари (ФОТО)

Дарко Лазиќ доживеа сообраќајна несреќа во понеделникот вечерта, кога му пукнала гума кај Прхово, на патот помеѓу селата Пеќинци и Шимановци, што го  занело автомобилот и удрил во столб.

Возилото  марка „Мерцедес“, со кое управувал пејачот, е сопственост на неговата свршеница Марина Гагиќ, а при несреќата се оштетени уште два автомобила. Според српски извори, врз нив паднала бандерата, во која Лазиќ удрил, па пејачот ќе мора да ја плати целата штета.

Според првите проценки, тоа ќе го чини повеќе од еден милион динари, а тој ќе мора да плати и казна за сторен сообраќаен прекршок. Единствена олеснителна околност за пејачот е дека вината ја прифатил неговиот пријател, кој бил со него во автомобилот, така што надлежните органи не му наплатуваат на Лазиќ дека нема возачка дозвола и дека автомобилот не е регистриран.

Ова му е на пејачот кој знае кој прекршок по ред, а судејќи според неговите коментари и објави на Инстаграм, сето ова му е дури и смешно и забавно, па тој по несреќата славеше со трубачи. Нема ни трошка одговорност за сообраќајката, што е многу изненадувачки, имајќи предвид дека тој имаше сериозна несреќа во ноември 2018 година, кога едвај преживеа и беше во кома со недели.

После тоа, Лазиќ беше фатен неколку пати како го прекршува законот зад воланот, иако нема возачка дозвола. Сега тој имаше уште една сообраќајна несреќа, за среќа мала, па тој и неговите придружници во автомобилот, од кои едниот бил раперот Мили, поминале без повреди.

„ Откако ја преполовивме бандерата, ја зедовме за да снимиме видео“ – рекол Лазиќ по сообраќајката во моментот кога доаѓааа музичарите со кои потоа тој се забавувал.

To top