Радио Милева мислење

Ѓорѓе Давид без влакна на јазикот: „Евровизија е секта“

Ѓорѓе Давид без влакна на јазикот: „Евровизија е секта“

Пејачот Ѓорѓе Давид во интервју за блиц. рс ја прокоментира овагодинешната „Евровизија“ на која победи Италија, а српските преставнички „Хурикејн“ завршија на 15-то место.

Рокерот истакна дека има негативно мислење за „Евровизија“ и дека тоа не е натпревар туку некој вид на секта.

„Мислам дека тоа е натпреварување кое одамна не е музика. Тоа е одредена секта, која според мене откако стана секта ја изгуби смислата да се води како манифестација, но повторно победи музиката“, вели пејачот.

фото: Робин Ван Лонкхуијсен/епа

Тој истакна дека му допаѓа победникот, но и српските претставнички и истакна дека „Уриганки“ биле најдобри риби. Ѓорѓе Давид исто така истакна дека првпат целосно гледал Евросонг бидејќи во медиумите се пишувало дека тие се фаворит и може да победат.

To top