Италија триумфираше на Евровизија во Ротердам, а потегот на Дамијан Давид, пејачот на групата „Манескин“, кој навидум во еден момент наводно користеше кокаин за време на финалето, не престана да се зборува, па реши да направи тест за дрога, сакајќи да докаже дека тоа не е точно.

Организаторите на „Евровизија“ сега се огласија на социјалните мрежи и ги објавија резултатите од тестот.
– Италијанските победници на Евровизија не користеа дрога во Зелената соба за време на финалето. Сметаме дека овој случај е затворен – стои на официјалната веб-страница на овој натпревар.

Да потсетиме, претставниците на Италија тврдеа дека не користеле наркотични средства, но дека во тие моменти „го отстраниле скршеното стакло на масата“.