Мегафон победа по 30 години

Италија е победник на Евровизија 2021

Италија е победник на Евровизија 2021

Италијанската група „Монескин“ победи на Евровизија 2021 која се одржа во Ротердам, Холандија.

На финалната вечер која се одржа под мерки за заштита од корона вирус, настапуваа 26 земји, а Италија го освои првото место.

фото: EPAALI

Српската група „Хурикејн“  со нумерата „Loco loco“ се најде на 15-тото место.

фото: принтскрин/јутуб

Швајцарија е на второто место, а Франција го освои третото место.жОна што беше изненадувачки е што четири држави првпат во историјата добија 0 поени.

Имено, Велика Британија која секогаш се жали  за своите лоши резулати на Евросонг, оваа година освои 0 бодови од жирито и публиката.

Германија, Холандија и Шпанија исто така не добија ниту еден поен.

Потсетуваме, македонскиот претставник Васил Гарванлиев настапуваше во првата полуфинланата вечер, но не се пласираше во финалето.

To top