Војвотката од Сасекс, Меган Маркл во интервјуто кај Опра Винфри истакна дека за време на нејзиното живеење со кралското семејство размислувала за самоубиство, а сега принцот Хари зборуваше на оваа тема.
Принцот Хари повторно застана пред камера со Опра Винфри и зборуваше за маките низ кои поминувале додека биле на функција членови на кралското семејство.
Овој пат тој се потсети како дознал за проблемите со кои се соочувала неговата сопруга додека била бремена.
„Се подготвуваме за концерт во холот на Ројал Алберт. Таа беше во поодмината бременост. Ми се доближи и ми кажа – јас сум во депресија, длабока депресија. Планирам да си го одземам животот, еве и како“ изјави Хари.
Во интервјуто насловен како „Јас, мене кој не ме гледате“, Хари истакна дека во многу ситуации Меган пиела лекови.
„Она што најмногу ми се исплаши беа нејзините мисли. Таа точно имаше испланирано како ќе го направи тоа во поодмината бременост“, објасни војводата од Сасекс.
Потсетуваме, Меган Маркл го напуштија кралското семејство, а во интервју кај Опра Винфри открија непознати детали од кралскиот двор.
Инаку, некогашниот кралски пар го очекува своето второ дете.