Претставникот на Естонија на овагодинешното издание на Евровизија, Уки Сувисте настапуваше во втората полуфинална вечер.
На социјалните мрежи веднаш се појавија коментари за неговиот настап, но и за неговата убавина.
„Ова беше магично“, „Колку убаво момче“, „тој е најубавиот учесник на Евровизија досега“, се само некои од коментарите кои може да се прочитаат на „Јутуб“.

Уки со години се наоѓа на листата на најпосакувани мажи во својата земја, а фотографиите на кој е разголен ги воодушевија неговите следбеници.

Уки е роден во еден млад град во Естонија, а својата музичка кариера ја започна во 2004 година.

Неговиот настап погледнете го во видеото подолу.