Радио Милева благодарен на сите

И принцот Вилијам се вакцинираше против коронавирус

И принцот Вилијам се вакцинираше против коронавирус

Принцот Вилијам кој претходната година прележа Ковид 19, сега ја прими првата доза против коронавирусот.

Внукот на кралицата Елизабета на Твитер објави фотографија кога ја примил вакцината во Лондонскиот музеј за наука, пренесува Ројтерс.

„Во вторник ја примив првата вакцина против Ковид 19. Многу сум благодарен на сите кои работат на вакцинирањето и продолжете да работите“, изјави Вилијам.

Принцот се разболе од Ковид 19 во април претходна година, но веста беше криена од јавноста се до ноември.

И останатите членови на кралското семејство исто така објавија дека примиле вакцина, а меѓу нив принцот Чарлс и кралицата Елизабета.

To top