Еден од членовите на исландската група претставници на Еврозизија е позитивен на вирусот корона.
Поради ригорозните правила на годинашната Евровизија, целиот бенд ќе биде во изолација.
Дади Фрејр, водачот на групата, се огласи на Твитер и ја потврди информацијата.
– Членот Гагнамагниќ утрово доби позитивен тест. За жал, тоа најверојатно значи дека нема да учествуваме на пробата денес или утре во настапот во живо, но ќе се користи снимката од втората проба – стои во твитот.
– Бевме исклучително внимателни во текот на целото патување, така што ова е големо изненадување. Ние сме многу задоволни од изведбата и сме многу возбудени што ја гледаме. Ви благодарам за целата љубов – продолжува Дади.
A member of Gagnamagnið got a positive test result this morning. Unfortunately this probably means that we will not take part in the rehearsal today or live show tomorrow and a recording from our second rehearsal will be used in stead. pic.twitter.com/93yravOHSY
— Daði Freyr 🥑 (@dadimakesmusic) May 19, 2021
„Ова е голем удар“, рече Рунар Фрајр Гисласон, член на исландската делегација задолжен за односи со јавноста, кој исто така ги потврди информациите за здравствената состојба на членот на бендот.
Исландската делегација додава дека сите членови ја примиле вакцината Џонсон и Џонсон пред да заминат за Ротердам и наведува дека утрово, за време на тестирањето, било откриено дека еден од членовите на групата е позитивен.
Исландската делегација е во изолација од саботата, кога Европската унија за радиодифузија објави дека еден член на таа делегација е позитивен на коронавирус, поради што Исланѓаните не се појавија на церемонијата на отворање. Потоа беше објавено дека полската делегација исто така е во изолација.
Да потсетиме, Исланд требаше да настапи во втората полуфинална вечер, на 20 мај.
– Секој се чувствува здраво! Ви благодариме за убавите пораки – стои во последниот твит на исландскиот пејач и лидер на групата.