Познатиот текстописец, Марина Туцаковиќ веќе неколку години се бори со ракот на дојка, а последните терапии не дале резултат, па поради опасната болест не може ни да оди.
„Почнав да одам на терапии. Тие ме прават послаба, па не можам многу да одам. Во инвалидска количка одам до Банка и до одделението за онкологија. Никаде не одам бидејќи ми е напорно. Се чувствувам како да сум во затвор“, вели Туцаковиќ.
Марина пробала разни лекови, но се уште не успеала да се спаси од опасната болест.
„Досега се и сешто пробав. Верувам дека секој организирам различно реагира на лековите и тоа е нормално. Претходните терапии не дадоа резултати затоа започнав со нов циклус на хемотерапии“, раскажува текстописецот.
„Искрено пред да тргнам на терапиите јас се чувствува подобро, но резултатите не беа добри. Пред неколку дена ми направија скенер и малку е подобар од претходниот. Морам да продолжам да се борам. Не знам уште колку долго ќе трае оваа битка и тоа ме мачи. Секако дека не се откажувам бидејќи сум силна жена“, вели Туцаковиќ.