Српските претставнички на „Евровизија“, „Хурикејн“ полека се подготвуваат за настапот на Евровизија.
Тие се појавија на техничка проба на сцената во Ротердам.
Во таа прилика, Сања, Ксенија и Ивана на сцената се појавија во ексцентричен костим од чипката, а сите три својата фризура ја направија во локни.
Нивните креации изгледаат сценски – креативни, но не на сите им се допадна нивниот стајлинг.
Имено, на Твитер се појавија негативни коментари за нивната комбинација, меѓу кои и оној дека со нивниот стајлинг потсетуваат на бугарски матурантки.
„Хурикејн“ реагираше и овие критики. Во интервју за курир.рс тие истакнаа дека не ги интеренсираат негативните коментари бидејќи секојдневно добиваат над илјада позитивни коментари.
„Што се однесува до нашите креации, ги правеше Борис Карготиќ. Ние сме презадоволни како изгледаат, ни го подоги вкусот. Драго ми е што им се допаѓа и на публиката бидејќи има многу позитивни коментари“, велат девојките не обрнувајќи внимание на негативните коментари.
Српските преставнички на Евровизија ќе настапуваат на Втората полуфинална вечер во четврток.