Младата пејачка Вања Кнежевиќ беше дисквалификувана од регионаното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Имено, поради објавувањето на содржини на Инстаграм со кои ја навреди Јелена Карлеуша, како и самото шоу, Вања беше исфрлена од продукцијата.
По напуштењето, младата пејачка се посвети на музиката односно благодерение на Цеца и нејзините соработници, Вања ќе снима нова песна.
Меѓутоа, Кнежевиќ сега направи впечатлива промена. Имено, на својот Инстаграм таа се пофали со својот нов имиџ односно сега има шишки.
Нејзините следбеници и порачаа дека никогаш не изгледала подобро.