Радио Милева „Не скршнав од вистинскиот пат“

„Во ријалити влегов за популарност“: Српската манекенка призна се’ за непристојните предлози кои ги добивала од моќници

„Во ријалити влегов за популарност“: Српската манекенка призна се’ за непристојните предлози кои ги добивала од моќници

Манекенката Дејана Живковиќ се прослави со учество во реалното шоу „Првиот српски топ модел“, пред десет години, а сега ги открива и причините зошто се пријавила на ваков тип на натпревар.

– Влегов во тоа пијатлити поради популарност. Младост – лудост (смеа). Сакав да им покажам на луѓето дека можам да го сторам тоа. Самиот моделинг ми донесе многу, патував низ целиот свет, зборувам четири јазици. Задоволна сум од мојот успех. За мене, манекенството беше повеќе предизвик отколку љубов, затоа што кога некој ќе ми каже дека не можам да направам нешто, тогаш јас се инаетам, упорна сум и ќе им докажам на сите дека можам – рече Дејана за „Ало.рс“.

После тоа, таа започна да се занимава со професионален моделинг, а како што вели, добила и непристојни понуди.

– Ќе лажев ако кажам дека не сум добила. Ако сакав да одам по таа рута, секако дека ќе бев поуспешна, но сето тоа е прашање на избор. Одбрав да одам на вистинскиот пат и да не правам ништо самостојно, туку исклучиво преку модна агенција. Многу моќни луѓе дојдоа до мене. Но, никогаш не прифатив такво нешто за работа, ниту пак некој ми пријде и ми понуди нешто конкретно. Најмногу беше додворување – рече Дејана.

На прашањето дали девојките од модната индустрија прифаќаат такви понуди, таа вели:


– Секако дека прифаќаат! Да појаснам, тоа не зависи од агенцијата во која сте, туку од вашиот карактер. Кога сте модел, запознавате различни луѓе, влегувате во тој свет и тој често е одлично.Сè изгледа светски, запознавате светски познати лица, одите на забави на најдобрите места во светот и секако дека ќе имате можност да запознаете некој што ќе ви го понуди ова или она. Сепак, изборот и одлуката секогаш зависи од вас. Отсекогаш сум одбивала такви понуди,завршува познатата српска манекенка.

To top