Мегафон

Промовирана официјалната химна на претстојното ЕУРО 2021: Зад „We Are The People“ стои ДЈ Мартин Гарикс, а гостуваат Боно и Ди Еџ од „Ју ту“ (ВИДЕО)

Промовирана официјалната химна на претстојното ЕУРО 2021: Зад „We Are The People“ стои ДЈ Мартин Гарикс, а  гостуваат  Боно  и Ди Еџ  од „Ју ту“ (ВИДЕО)

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) денеска ја претстави официјалната химна на претстојното Европско првенство УЕФА ЕУРО 2021 под името „We Are The People“.

На песната зад која стои легендарниот холандски Ди-Џеј Мартин Гарикс гостуваат и Боно (Bono) и Д Еџ (The Edge).

„Компонирањето музика за еден од најголемите спортски настани во светот заедно со Боно и Д Еџ, беше неверојатно искуство“ – изјави Гарикс за официјалниот сајт на УЕФА.

Химната ја слави основната тема на ЕУРО 2021 – заедништвото, особено во светло на сите предизвици со кои светот се соочува во денешницата, со акцент на уникатноста на завршниот турнир што за прв пат во историјата ќе се одржи ширум Европа.

ЕУРО 2021 ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули во 11 европски градови, а македонската фудбалска репрезентација своите натпревари во групната фаза ќе ги игра во Букурешт, против Австрија и Украина, и во Амстердам, против Холандија.

To top