Радио Милева неминлив сексапил

Синди Крафорд и во 55-тата година е повеќи од секси: Светскиот супермодел без гаќички под црниот провиден вел (ФОТО)

Синди Крафорд и во 55-тата година е повеќи од секси: Светскиот супермодел без гаќички под црниот провиден вел (ФОТО)

Синди Крафорд е една од оние жени кои секогаш предизвикувале ентузијазам и желба кај другите да ги имитираат. Нејзиниот безвременски шарм отсекогаш пленел милиони машки срца ширум светот, па и денес, кога е  во средината на нејзината петта деценија, таа продолжува да блеска со својата харизма и неминлива убавина.

Една од најкултните модни икони од 90-тите овој пат не само што ја украси насловната страница на Вог – Бразил со својот изглед, туку и се фотографираше во неверојатна фотосесија во изданието , пишува Woman.bg.

Фотографиите јасно покажуваат дека супермоделот, кој наполни 55 години, ја задржа истата неверојатна фигура што на крајот на минатиот век ја направи најбарана насловна личност во модната индустрија. За нејзината фотосесија, Синди смени неколку стајлинзи, секој од нив ја потенцираше неверојатната форма во која се наоѓа во моментот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cindy Crawford (@cindycrawford)

Особено го истакна нејзиниот сексапил провокативната поза на која Синди е гола без гаќички под црниот провиден вел, фотографија што ги разбранува сеќавањата повозрасните, но и страстите на помладите.

Всушност, Крафорд никогаш не била меѓу среќниците чии генетски предиспозиции им дозволуваат да јадат што сакаат и сепак да останат слаби. За да не и се лепи храната, Синди постојано се грижи за својата диета и вежбање.

„Отсекогаш ме нервирала тоа што морам постојано да внимавам што јадам додека Кејт Мос, на пример, јадеше хамбургери и помфрит …“ – ќе прокоментира таа во едно друго интервју пред некое време.

Природната убавина на Синди е инспиративна и нејзините добри гени се одговорни за тоа. Нејзиното семејство живее во САД многу години, но има германски, француски и англиски корени. Нејзината манекенска кариера започнала уште  пред да стане полнолетна.

Завршила средно училиште и започнала да учи хемија, но наскоро се откажала од учебниците за да го оствари својот сон да биде модел. Нејзината убавина е несомнена и наскоро стана едно од најпосакуваните лица за сите модни компании.

Денес Синди е исклучително среќна жена, ужива во големо и блиско семејство олицетворено во нејзините две деца – Каја и Присли Вокер Гербер и нејзиниот втор сопруг – Ренде Гербер, со кој слават 23 години брак. Што се однесува до годините, Кафорд повеќе пати потенцираше дека е немоќна во својата желба да го врати времето, но и дека е задоволна од начинот на кој изгледа денес – многу посмирена, помудра и позрела.

Фото: Инстаграм принтскрин/cindycrawford/voguebrasil/luigiandiango

To top