Радио Милева депресивен

Еве како Алек Родригез реагирал на написите дека Џенифер Лопез по 17 години повторно е во врска со Бен Афлек

Еве како Алек Родригез реагирал на написите дека Џенифер Лопез по 17 години повторно е во врска со Бен Афлек

Како бомба одекна веста во медиумите дека Џенифер Лопез и нејзиниот поранешен свршеник Бен Афлек се заедно по 17 години од нивното раскинување.

Имено, папараците ги фотографирале откако двојката се вратила од романтично патување во Монтани. Во Лос Анџелес се вратиле со приватен авион, а до градот пристигнале со автомобил во кој седеле еден покрај друг на задното седиште.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/dzenifer-lopez-i-ben-aflek-po-17-godini-povtorno-zaedno/

Фановите се воодушевени од веста дека Џенифер и Бен повторно се заедно.

фото: гети имагес

Меѓутоа, на последниот свршеник на Џенифер, Алек Родригез не му е баш сеедно што неговата екс партнерка се смирила со бившиот.

Извор близок на Родригез изјавил дека Алек имал надеж за смирување со Лопез, но и дека е депресивен поради фотографиите кои го обиколија светот, а се тоа го признал на поранешната свршеничка.

Џенифер и Родригез ја започнаа нивната врска во 2017 година, по две година се свршија, а пред месец ипол ја раскинаа нивната свршувачка.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/definitivno-e-kraj-dzenifer-lopez-i-aleks-rodrigez-ja-raskinaa-svrshuvachkata/

Досега ниту Лопез, ниту Бен се огласија по повод нивното смирување.

To top