Актерката Ребел Вилсон целата претходна година ја посвети на здравјето и успеа да ослабе 30 килограми.
За жал, таа сега откри дека и покрај трудот не успеала да остане бремена.
„Добив лоши вести и немав со кој да ги поделам“, напиша и додаде дека ги разбира сите жени кои се борат со плодност.
„Не можам да ви опишам колку ми значеше да ги прочитам сите ваши пораки, се чувствувам подобро“, додаде актерката во објавата.
Во декември 2019 година, Вилсон призна како се бори со полицистични јајници.
„Ја користев дебелината во своја корист. Но, како ми се приближуваше 40иот роденден, станав свесна за своето здравје и желба да создадам семејство“, изјави таа пред две години.