Јелена Јовановиќ Жигон, познатата српска актерка, сопруга на Стева Жигон и мајка на актерката Ивана Жигон, почина на 85 годишна возраст.
Јелена почина вчеравечер во болница, а во текот на својата долгогодишна кариера остави длабок печат во српската уметност.
Позната е по улогите во филмовите: „Први граѓанин мале вароши“, „Пустолов пред вратима“, „Обрачун“, „Дошло доба да се љубав проба“, „ Љуби, љуби, ал глава не губи“, „Жикина династија“ и многу други…