Добро познато е дека ТВ водителката Лила Филиповска е најуспешната македонска инфлуенсерка на Инстаграм.
Токму оваа секундарна нејзина бизнис активност и овозможува многу соработки, поволности во секојдневието и секако заработка.
Неодамна поради маркетиг претставување на хотелите во Турција, таа престојуваше и ги презентираше едни од најдобрите хотелски понуди за претстојното лето.
View this post on Instagram
Иако е постројано зафетена и надвор од дома како што и наложува работата, Лила размислува домаќински, неодамна се пофали дека почнала и сака да готви, ама како и многумина реши да направи пролетни промени во својот дом, односно да реновира.
Промените во домот секогаш носат свежина и позитивна енергија, па Лила се реши да викне мајстори и да направи нов декоративен ѕид во дневниот простор.
Делумно покажа креативен хаос, но и како ќе изгледа промената од која како што опиша била воодушевена. Ситни коцкички во брознезно зналтна нијанса, кои веројатно се хит во уредувањето.
Каков ќе биде крајниот резултат од промената во уредувањето на домот на нашата позната водителка и инфлуенсерка, останува да видиме…