Арнолд Шварценегер е познат по улогите во филмовите „Терминатор“, а сега се знае и колку бил платен.
Имено, за улогата во „Терминатор 2“, актерот добил неверојатни 21.429 долари, за еден збор!
Тој глумеше во тој филм во 1991 година и изговори 700 зборови, што значи дека заработил 15.000.000 долари со таа улога.
Седум години порано, во првиот дел од „Терминатор“ заработил 750.000 долари. Потоа, тој имаше и помалку текст од својот лик.
Арнолд неодамна беше вакциниран против ковид-19 во Лос Анџелес и се обиде да ги охрабри своите следбеници да бидат вакцинирани со реченица од „Терминатор 2“.
„Дојди со мене ако сакаш да живееш“, рече тој тогаш.