Радио Милева бакнеж од благодарностт

Весна Ѓогани проговори за снимката на која Ѓоле Ѓогани се бакнува со друга жена: „Да имаше љубовница, јас прва ќе дознаев“

Весна Ѓогани проговори за снимката на која Ѓоле Ѓогани се бакнува со друга жена: „Да имаше љубовница, јас прва ќе дознаев“

Откако папараците го уловија Ѓоле Ѓогани како се бакнува со друга жена, неговата сопруга Весна Ѓогани тврди дека Ѓоле не ја изневерил и дека станува збор за семејна пријателка.

„Јас морам да кажам дека не се работи за неверство. Ова не е вистина. Таа е наша семејна пријателка која ги води нашите работи. Ние секојдневно сме во контакт со неа. Таа му се заблагодарувала на Ѓоле бидејќи му однесе телевизор на неговиот брат“ вели Весна.

фото: Принтскрин/јутуб/пинк

„Ние разговаравме, нејзиниот маж е многу повреден. Тој не е од јавниот свет и не знае за што се работи. Кога и се јавив ја прашав дали е добро и кажав дека не се сомневам дека има нешто меѓу неа и Ѓоле. Бакнежот се случи. Но, во монтажа бакнежот може да се измонтира, да се успори и бакнежот“ вели пејачката.

„Кога ја објавија најавата не ми беше сеедно. Му реков: „Ѓоле, дали имаш нешто да ми кажеш?“.  Јас со него живеам 20 години и познавам кога ќе се насмее. Ми рече: „Јас не знам за што се работи“, тврди Весна.

Пејачката вели дека му верува на својот сопруг и дека ќе и кажал доколку има друга жена.

„Кога Ѓоле би имал друга жена, прво ќе ми кажеше на мене. Кога имаме проблем, ние тоа дома го решеваме“, вели Ѓогани.

Ѓоле тврди дека снимката измонитирана и дека нема ништо со жената, дека таа го бакнала од благодарност.

„Весна кажа се, што друго да кажам? Таа ме праша и јас и кажав дека се е во ред, дека нема ништо од тоа и крај. Нема зошто да ми даде друга шанса. Тоа беше бакнеж од благодарност, ништо повеќе“, изјави Ѓоле.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/se-baknuvaat-strasno-ova-e-zenata-so-koja-gjole-gjogani-ja-izneveruva-vesna-gjogani-foto/

To top