Радио Милева риба ипол

Годините не и можат ништо: Шерон Стоун се соблече во бикини во седмата деценија и ги собра сите комплименти (фото)

Годините не и можат ништо: Шерон Стоун се соблече во бикини во седмата деценија и ги собра сите комплименти (фото)

 

Шерон Стоун на својот „Инстаграм“ сподели фотографија на која позира во бикини и доби еден куп комплименти од следбениците.

Фотографирана е во едноделен костим за капење на лежалка покрај базен, а друштво и прави нејзиното куче Џо.

Во црното бикини, Шерон ја покажа својата витка фигура и во седмата деценија од животот, а следбениците не престанаа да ја опсипуваат со позитивни коментари.

фото: Инстаграм

„Изгледаш спектакуларно“, „Неверојатна си“, се само некои од коментарите под фотографијата која за краток период доби 84 000 лајкови.

Во една прилика, Шерон откри која е нејзината тајна за нејзиниот изглед.

„Користим добри креми за кожа и се трудам да не заборавам да ги депилирам нозете. Сакам да се занимавам со спорт и мислам дека тоа е клуч на здравјето. Често танцувам. Се занимавам со јога, пилатас, играм со децата, јавам коњи, често одам на плажа“, изјави актерката.

To top