Дарко Лазиќ и Марина Гагиќ го закажале датумот за нивната свадба, пишуваат српските медиуми.
Наводно, оваа информација тие ја споделиле со нивните најблиски, а наскоро ќе ја споделат и со јавноста.
Парот наводно одлучил да се венча на 24 јуни, денот на роденденот на нивниот син Алексиј.
Претходните две недели често се пишуваше за односот меѓу Дарко и Марина, односно дека наводно свршеничката го напуштила и заминала во домот на нејзините родители.
„ Морам да кажам дека сè е во ред со мене и Марина. Нешто многу убаво ве чека, да ги „закукаме“ ушите на луѓето. Заедно сме многу убави, затоа луѓето не озборуваат и прават заплети. Таа не најде никакви пораки дека ја изневерувам, ниту пак ја раксинавме свршувачката. Марина беше кај своите повеќе од една недела, денес се враќа. Се е во ред, одлично функционираме. Ќе знаев ако е раскината свршувачката. Имаше кавга како во секоја заедница, каде што има кавга има и љубов“ изјави Дарко за курир.рс
Ако биде се како што планирале, Дарко и Марина ќе се венчаат во општина и во црква во Брестач. Свадбената церемонија ќе биде во хотел на негов пријател.