Радио Милева

(ФОТО) Вака изгледа првата сопруга на Боба – мајката на Филип Живојиновиќ и свекрва на Александра Пријовиќ!

(ФОТО) Вака изгледа првата сопруга на Боба – мајката на Филип Живојиновиќ и свекрва на Александра Пријовиќ!
FOTO: DRAGAN KADIĆ

Пејачката лепа Брена во документарецот „Године слатког греха“, откри како таа и Боба се засакале, но дали знаете како изгледа првата сопруга на Боба?

Имено, како што и е познато на јавноста, славниот тенисер од бракот со Зорица Накиќ го доби синот Филип Живојиновиќ.

По нивниот развод, секој тргна по свој пат. Боба се заљуби во Брена, а Зорица повторно се омажи и доби ќерка и син.

-Филип е момче од триесет години и целосно ја разбира ситуацијата. Имаме прекрасен однос. Никогаш во животот не сакав да му ја сменам вистинската мајка. Но, во животот го третирав како свој син, а така и го нарекував. Секогаш бев  негов вистински пријател и тој ќе сфати кога ќе добие деца, изјавуваше Брена порано.

Инаку, Боба и Брена се во одлични односи со Зорица, па знаат заедно да ги минат и празниците, а Филип редовно е во Америка за да ги посети мајка си, братот и сестрата.

To top